Профил на компанијата
Компанијата била основана во 1993 година. Autoland Ltd. е целосно приватизирана
компанија со активност концентрирана главно на увоз и трговија со електронски производи.
Производите што Autoland Ltd. промотивно ги презентира се произведени од компании
кои се светски лидери во своите респективни домени, компании кои секоја година воведуваат
бројни иноваторски производи на пазарот.
Опсег на активности
- увоз на безбедносни електронски системи, аудио производи за автомобили, хај-фај
засилувачи за автомобили;
- поддржување и снабдување на дилерската мрежа со производи, технологија и инженерски
know–how;
- директна продажба и вградување на производите до крајниот потрошувач;
- сервисни активности.
Сервиси и купувачи
Autoland Ltd. воведува екстензивна дистрибуција и реализација преку продажба со
презентации, преку неговите продажни дистрибутери. Голем дел од нашите дистрибутери
се квалификувани и специјализирани продавачи, кои обезбедуваат постпродажна поддршка,
сервисирање во гарантен и вон гарантен рок на производите, кои се предмет на продажба
во земјата. Главниот гарантен сервис е лоциран во Скопје. Развиениот модел на гаранција
е сервисирање во рок од 24 часа којашто важи за внатрешноста на земјата, а моментална
во Скопје.
Филозофија на компанијата
- Професионализација на вработените
- Квалитет на производите
- Брз сервис
- Познавање на желбите на купувачите
- Најнови дневни информации
Што можеме да ви понудиме
- нашата извонредна и функционална дилерска мрежа, дел којшто директно е употреблив
за нови бизниси;
- нашето маркетинг искуство и продажба на врвни производи, понекогаш дури и непознати,
кои ги прават популарни во Македонија;
- нашето искуство за работа со луѓето, одлично чувство за ориентација и школа за комуникација,
на само на англискиот јазик;
- можности за развој на нови подрачја на пазари и финансирање на магацините со задоволителна
количина;
- нашиот иноваторски дух, настојчивост и канализирање на работите.
Стратегија
Autoland Ltd. работеше со победничка стратегија во деведесеттите години од минатиот
век. Ние ќе ја запазиме нашата ориентација да бидеме сервис на нашите купувачи со
цел да го зајакнеме бизнисот соработувајќи со нашите престижни снабдувачи. Ќе ги
впрегнеме сите сили за да постигнеме уште повисоко ниво околу дистрибутивната мрежа
во Македонија, но и во соседните држави, а исто така и да го зголемиме нашиот имиџ
и да го негуваме нашиот сервис за зголемување на базата на купувачи.
Autoland Ltd. ги има зацртано своите приоритети и се фокусира на својата мисија
која ќе ја создаде компанијата уште поконкурентна и во подобра позиција за потребите
на купувачите. За да се задоволат сите овие стандарди ние ги зголемивме вложувањата
во развојот на нашата дистрибутивна мрежа, оптимизацијата на нашата организациска
структура, за да ги спроведуваме што побргу одлуките и развојот на стратегиските
основи со нашите партнери, што сигурно претставува наша визија.
Заедно со нашите партнери и дистрибутери создадовме основна точка на техничкото
искуство и способност што обезбедува непаралелен сервис и поддршка кон нашите консументи
во Македонија и соседните држави.